28.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

На првиот ден од Мундијалот поставен нов светски рекорд

Без никакви изненадувања завршија дуелите од првиот ден на Светското првенство во ракомет кое ќе биде во фокусот на спортската јавност во следните две недели. На победи се радуваа фаворизираните Франција, Австрија, Данска и Италија.

Од сите мечеви, најубедлива победа забележа еден од кодомаќините, селекцијата на Данска која немаше милост и славеше со 47:22 против Алжир. По првото полувреме Данска водеше со 20:11, а во вториот дел, фаворитот одигра уште подобро и на крајот славеше со огромни 25 голови разлика.

Оваа победа на Данска беше доволна за поставување нов светски рекорд и не е тоа по висината на победата, туку по континуитетот без пораз на Мундијалите. Овој беше вкупно 29-ти натпревар по ред на кој Данска нема пораз на Светските првенства.

Вкупно четири планетарни собири по ред Данска не знае за пораз, па не е ни чудно што и сега токму оваа репрезентација е прв фаворит за освојување на златниот медал, со што би ја продолжила доминацијата од претходните три вакви турнири.

- Оглас -

Најнови вести