Адвокатскиот тим на Килијан Мбапе го пријави ПСЖ во највисоката жалбена инстанца во Франција за случајот со неисплатените плати и бонуси во висина од 55 милиони евра. „Светците“ имаат рок до 15-ти месецов да му ги исплатат сите долгувања на нивниот поранешен фудбалер, во спротивно им се закануваат санкции од УЕФА.
ПСЖ би можел да добие забрана за регистрација на фудбалери, што би било голем удар за клубот. Килијан Мбапе си ги бара парите кои ги заработи последните месеци од договорот со ПСЖ, откако му се налутија бидејќи него продолжи договорот и како слободен фудбалер си замина во Реал Мадрид.
Раководството на ПСЖ велеше дека францускиот репрезентативец усно се откажал од парите, што беше негирано од негова страна, а потоа беше покрената и судска постапка.