Пари Сен Жермен покажа дека и во оваа сезона ќе биде главен фаворит за титулата во пренството на Франција. Во првиот меч на домашен терен, Светците немаа милост против Монпелје и победија со убедливи 5:0.
Баркола по само четири минути погоди за водство од 1:0, а Марко Асенсио погоди за 2:0 во 24 минута, што беше резултат по првото полувреме.
На почетокот на вториот дел, повторно Баркола ја затресе мрежата на гостите за 3:0, а до крајот на дуелот погодуваа и Хакими, Заире-Емери и Ли за конечни 6:0.
За доминацијата на ПСЖ покажува и статистиката која вели дека шампионот имаше 71 отсто посед на топка, упати 21 шут кон противничкиот гол, од кои 10 беа во рамки на голот, а изведе и 10 корнери наспроти само два удари од аголот на гостите.
ПСЖ и во првото коло немаше никакви проблеми и со убедливи 4:1 го победи Ле Авр на гости.