Ако поради некаква причина Кејлор Навас не може да стои на голот на Пари Сен Жермен, во клубот не треба да бидат премногу загрижени бидејќи во своите редови имаат и еден голмански талент кој е познат како напаѓач. Станува збор за Мауро Икарди, кој на тренинг на тимот во Португалија покажа дека и тоа како знае да брани.
Се фрлаше, правеше паради и покажа дека ако треба, подготвен е да го брани голот наместо да го напаѓа противничкиот, што му е и главна задача. ПСЖ се подготвува за дуелот со Аталанта в среда, од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Еден коментар на фотографијата стави и неговата сопруга Ванда, која искоментира дека изгледа дека Кејлор има големо влијание врз Икарди и дека постојаната дружба придонела за нејзиниот маж да влезе во филм дека е голманиште.