На ПСЖ парите не му се проблем, ја одби првата богата понуда од Реал за Мбапе

Реал Мадрид ја испратил својата прва формална понуда до ПСЖ за Килијан Мбапе, 13-кратниот европски првак за францускиот напаѓач нудел 160 милиони евра, но Светците ја одбиле оваа понуда.

Сепак, ова не значи дека Реал нема повторно да се обиде, а парижаните можеби си купуваат време за да го убедат Мбапе да го продолжи договорот со нив или да размислат кого би ангажирале ако ја продадат ѕвездата која следното лето може да ја загубат бесплатно.

Проблемот на Реал е што ПСЖ има доволно пари и за разлика од кој било друг клуб кој веднаш би прифатил толкава сума, парижаните си дозволуваат да одбијат ваква фантастична понуда. До крајот на преодниот рок има уште една недела и ова надмудрување како во шаховска партија помеѓу Флорентино Перес и Насер Ал Келаифи ќе трае веројатно до самиот крај.

- Оглас -

Најнови вести