На Раиконен му се запали болидот, па сам го гасеше пожарот (Видео)

„Ледениот Финец“ како што го нарекуваат Формула 1 пилотот, Кими Раиконен, на денешниот неофицијален тренинг во Абу Даби се најде во непријатна жешка ситуација, задниот дел на неговиот „Алфа Ромео“ се запали, но за среќа искусниот пилот беше присебен, брзо излезе, и не му се случи нешто како на Роман Грожан кој во Бахреин одвај спаси жива глава кога му се запали болидот.

Кими забележа дека болидот се запали во текот на возењето, па „мртов-ладен“ си се паркираше настрана и сам почна да го гаси пожарот со апаратот кој го донесе еден од стјуардите. Раиконен добро се снајде како пожарникар.

Погледнете ја целата ситуација:

https://twitter.com/i/status/1337408015352426499

- Оглас -

Најнови вести