На „Рајко Митиќ“ ВАР ќе ја гаси неправдата за првпат во Србија

ВАР технологијата за првпат вечерва ќе биде во функција во Србија, а мечот меѓу Црвена Звезда и Јанг Бојс ќе одлучува која екипа ќе игра во Лигата на шампионите.

Од плејоф фазата во квалификациите за настап во луксузната лига се користи модерната ВАР технологија за повторување и прегледување на спорните моменти, па Црвена Звзеда е првиот српски клуб што мораше да се подготви за употреба на модерната технологија.

На „Рајко Митиќ“ од 21 часот „црвено-белите“ ќе се обидат да ги материјализираат одличните 2:2 од првиот меч во Берн, но и младите момци од Швајцарија си имаат свои сметки.

Ако се пласира во фазата по групи во Европа Лигата и Партизан ќе мора да обезбеди услови за ВАР технологија, а последна пречка на патот на настап во фаза по групи му е Молде. Првиот меч заврши со победа на „црно-белите“ од 2:1, а реваншот е задутре од 19 часот во Норвешка.

 

- Оглас -

Најнови вести