32.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

На Рајо му треба помош од Столе

1316 Кастелон  – Рајо Валјекано (21ч)

Столе Димитриевски повеќе од еден месец нема сочувано празна мрежа за Рајо, па доколку ја прекине лошата серија ќе може да ѝ помогне на екипата да се надева на шестото место кое води во разигрувањата за пласман во шпанската елита.

Само победа им гарантира на гостите опстанок во оваа битка, а воедно ќе чекаат кикс на Спортинг Хихон во ова или во последното коло. И Кастелон има свои математики околу опстанок во Втората лига и сигурно ќе се бори за трите бода.

Сепак, треба да се знае дека домаќините немаат остварено триумф над Рајо во 21 век, додека тимот на Столе славеше во четири од последните пет меѓусебни дуели во кои редовно имало повеќе од три гола.

Предлог тип: X2 & 2+ (1.68)

 

1315 Жирона – Алкоркон (21ч)

Серијата од шест последователни победи во кои Жирона прими само еден гол се знак дека оваа екипа сигурно ќе игра во плејофот. Со уште една победа ќе го осигураат местото, а со оглед на тоа дека Жирона никогаш не загубила од Алкоркон како домаќин, трите бода ќе останат на „Монтиливи“ стадионот.

Најмалку еден гол ќе падне во првото полувреме, за домаќините на полесен начин да ја обезбедат седмата победа во низа.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (2.70)

 

2509 Розенборг – Молде (20ч)

Розенборг не е навикнат да чека повеќе од две сезони за титулата, па во раната фаза од шампионатот во Норвешка ќе се обиде да воспостави контрола врз текот на трката за престолот. Домаќините освоија осум од максимални 12 бода во првите четири кола и сега ги чека второ дерби по она против актуелниот првак Бодо Глимт во кое се делеа бодовите.

За Молде гостувањата на „Леркендал“ се вистински кошмар. Шампионот од 2019-та повеќе од седум години чека на гостински триумф против Розенборг, а загуби во пет од последните шест дербија како гости. Земајќи ги во предвид овие факти, Розенборг треба да го одбрани домашниот терен.

Предлог тип: 1 (2.40)

 

1279 Шамрок – Слиго роверс (20:45ч)

Двете екипи предводат во првенството на Република Ирска со само два бода разлика на табелата по 12 кола. Шамрок во претходното коло првпат сезонава претрпи пораз и затоа ќе мора да се оправдува вечерва.

Актуелниот шампион памети добра серија против Слиго со три победи и две ремија во последните пет меѓусебни дуели, што на Слиго му се предвидува прв гостински пораз сезонава.

Од октомври 2019 година овие две екипи немаат одиграно натпревар без голови, нека продолжи ефикасната серија и во оваа средба.

Предлог тип: ГГ (2.10)

 

2806 Рандерс – Копенхаген (17ч)

Копенхаген уште се надева дека може до титулата во Данска, но за тоа ќе треба да победи вечерва, а и во последното коло, па да се надева дека Брондби и Митјиланд ќе киксираат во последните два натпревари.

Гостите освоија 13 од можни 15 бода во изминатите пет кола, а добрата форма ветува дека ќе израдуваат на ова гостување, иако Рандерс во претходно во март триумфираше со 2-1 против данскиот гигант. Копенхаген е втора најефикасна екипа кога во прашање се гостински натпревари и треба да го одржи тој статус.

Предлог тип: X2 & 0-3 (1.84)

- Оглас -

Најнови вести