Машката ракометна репрезентација на Македонија има континуитет на настапи на светските и европски првенства во последната деценија и нешто малку повеќе од тоа, а желба е серијата да продолжи и со учество на Светското првенство кое следната година ќе се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.
Денеска попладне Македонија ќе го дознае својот противник за баражот за СП 2025. Победата над Швајцарија на ЕП, ни помогна да бидеме меѓу носителите, што е големо олеснување, но не значи и дека за ривал сигурно ќе добиеме лесен противник, ќе ни треба и среќа.
Македонија е меѓу носителите, заедно со Словенија, Унгарија, Португалија, Австрија, Исланд, Холандија, Шпанија, Црна Гора, Чешка и Полска.
Швајцарија, Србија, па и Романија или Фарски острови се на „црната листа“ кои добро би било да ги избегнеме. Попосакувани ривали кои може да ни паднат се Грузија, Грција, Босна и Херцеговина, како и победниците од баражите Белгија – Италија,
Естонија – Украина, Финска – Литванија и Словачка – Израел.