На ракометите Франција – Црна Гора и Шпанија – Полска само за 10-тина минути може да се погодат убави коефициенти

Возбудувањата на Светското првенство во ракомет продолжуваат со мечевите во главната фаза. Франција, која пренесе максимални четири бода и секако е еден од главните фаворити за место во полуфиналето, игра против Црна Гора.

Многу поголеми се шансите Франција прва да стигне до три, пет, седум и 10 гола, но ако верувате во балканската селекција, тоа е добра шанса за убава квота.

Од многуте игри кои може да ги одберете како за тоа кој играч колку погодоци ќе постигне или колку исклучувања и седмерци ќе има, посебно интересна е играта за тоа кој тим прв ќе  побара тајмаут. Во досегашниот дел од првенството, екипите кои се аутсајдери речиси секогаш први посегнуваа по минута одмор и совет, а овојпат тоа да го направат први Црногорците има коефициент 1.55.

Шпанија има четири бода и добри шанси по главната групна фаза да се бори за медал, додека Полска е без бодови и реално само теорија може да ги донесе до второто место во групата. И тука се очекува Шпанија да започне сигурно, а во една таква ситуација, домаќинот на Мундијалот, Полска, ќе биде принудена прва да побара тајмаут, што носи коефициент 1.80.

- Оглас -

Најнови вести