На разочарувањето му нема крај: Един Џеко за последен пат играше за репрезентацијата на БиХ?!

Сонот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина дека ќе игра на завршницата на едно Европско првенство заврши на болен начин синоќа во Зеница. Босанците до 85-тата минута имаа водство од 1-0 против Украина, која до тој момент немаше шут на гол, но со два гола за три минути Украинците направија пресврт и се пласираа во финалето од баражот.

Медиумите во Босна и Херцеговина пренесуваат дека синоќешниот натпревар веројатно е последен во дресот на репрезентацијата за легендата на оваа земја, Един Џеко, кој е рекордер и по бројот на настапи и по бројот на голови за националната селекција.

По натпреварот, Џеко со наведната глава поминал покрај новинарските екипи во микс-зоната без да даде изјава, а само кусо прокоментирал дека ќе размисли дали ќе продолжи да игра за репрезентацијата и дека за тоа треба да се донесе одлука со ладни глави.

Џеко со репрезентацијата на БиХ дури петпати беше дел од баражите за големите натпреварувања и секогаш испаѓаше, а единствениот настап на големите собири беше на Светското првенство во 2014 година.

- Оглас -

Најнови вести