27.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

На Реал ќе му треба чудо во реваншот, Сити дома не загубил европски меч речиси шест години

Спектакуларните 3-3 синоќа во Мадрид покажаа зошто дуелот на Реал и Манчестер сити беше најавуван како финале пред финалето. Лани и преклани, тој што излегуваше како победник од нивните двобои, на крај и на освојуваше европската титула.

На реваншот за една недела, на најтрофејниот клуб ќе му треба мало чудо за да го елиминира актуелниот првак.

Манчестер сити секогаш (девет пати биле во таква ситуација) одел понатаму во нокаут мечеви кога реваншот го играл дома, а на првиот меч на гости победил или одиграл нерешено. А, Реал во Европа само двапати од 11 обиди успеал да се пласира во следната фаза после реми дома на првиот меч, но двата случаи се во градот Манчестер (против Јунајтед).

Сити на свој терен нема пораз во европските купови уште од септември 2018 година, кога загубија од Лион, а Реал никогаш не победил на „Етихад“.

Сето ова ја компликува ситуацијата на Реал, но ако има некој клуб во Европа кој е способен на чуда и враќање од „мртвите“, тоа се тие, па не смее да бидат отпишани однапред, иако се во тешка ситуација.

- Оглас -

Најнови вести