На Реал Мадрид добро ќе му дојде одложувањето, ќе оздрават повредените

Екипата на Реал Мадрид со одложувањето на натпреварите од Лигата на шампионите и шпанското првенство, ќе има двојна полза. Еден плус е што кога ќе продолжи лигата би можел да настапи со публика (требаше да игра два домашни меча без публика) и нема да има финансиска загуба, а другиот плус е што кога ќе продолжи сезоната, би биле покомплетни.

Во моментов повредени се Тибо Куртоа, Марсело, Еден Азар и Марко Асенсио. Никој од нив немаше да игра против Манчестер сити, ако средбата се играше во вторник. Вака, Куртоа и Марсело добија на време, па би можеле да зазадрават и да се појават на реваншот. Азар има потешка повреда, но сега веќе не е исклучено тој да настапи за Реал на некој меч пред крајот на сезоната и би можел да игра на ЕП, доколку воопшто се одржи континенталниот шампионат. Асенсио нема играно сезонава, летоска имаше операција, но тој веќе почна да тренира и после паузата за коронавирусот, можеби ќе се врати на терен.

- Оглас -

Најнови вести