На Реал Мадрид му фалат дури 11-мина играчи за мечот против Атлетик Билбао

Последниот меч на Реал Мадрид во 2021 година ќе биде вистински предизвик за Кралскиот клуб затоа што тренерот Карло Анчелоти нема да може да смета дури на 11-мина фудбалери.

На списокот на играчи кои се планираат за дуелот против Атлетик Билбао ќе ги нема: Давид Алаба, Герет Бејл, Иско, Марсело, Родриго, Адријан Лунин (сите поради корона-вирус), додека Дани Карвахал е повреден, Касемиро е суспендиран, а Дани Себалјос уште не е подготвен да се врати. Ќе го нема ниту Лука Модриќ, кој исто така покажа позитивен тест на корона-вирусот, а потоа беше и негативен.

Реал имаше серија од 10 победи во низа, а потоа се појавија проблемите со корона-вирусот, па фаворитот на домашен терен киксираше против Кадис и одигра 0:0. Сега ќе биде вистински предизвик Реал да победи на тешкото гостување во Билбао кај Атлетик.

- Оглас -

Најнови вести