На Реал му донесе три европски титули, а сега никој не го сака

Кејлор Навас точно по пет години си заминува од Реал Мадрид. Репрезентативниот чувар на мрежата на Костарика зад себе има 162 настапи за Кралскиот клуб, а може да се пофали дека беше еден од најзабележителните во освојувањето на трите титули во низа во Лигата на шампионите.

Голманот, кој секогаш не бил доволно ценет на „Сантијаго Бернабеу“, беше донесен да му биде резерва на Икер Касилјас. По заминувањето на Касилјас, тој доби шанса да застане на голот и ја искористи. На Навас постојано му бараа замена, но тој вредно работеше и покажуваше дека ја заслужува секоја минута помината на теренот.

Сепак, по доведувањето на Тибо Куртоа, Навас повторно беше ставен како втор избор, а самиот побара да биде ставен на списокот на играчи за трансфер.

„Време е за нов почеток“, најави Навас по завршувањето на сезоната.

Интересно е што за голманот на Реал Мадрид засега нема ниту една понуда, иако се најавуваше дека повеќе клубови би сакале да го видат во своите редови. Едноставно, за голманот кој бранеше и победи во три финалиња од Лигата на шампионите, сега никој не  е заинтересиран.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести