На Реал му се допишуваат поени во Евролигата – Скандалот беше за џабе, Виртус го урна Кралот

Голем скандал се случи на мечот во Евролигата меѓу Реал Мадрид и Виртус Болоња што заврши со победа на гостите од Италија со 95:92, а за малку можеше да биде поинаку.

Голем кикс, или намера да му се додаде поен на домаќинот на 7 минути до крајот на мечот при предност на Виртус од 80:66.

На Џанан Муса му беше додаден еден поен, а беше запишан во графата со слободни фрлања и иако босанскиот репрезентативец изведе четири и погоди три, беше објавено дека има 4/5 од линијата за слободни фрлања.

Тоа можеше скапо да го чини Виртус откако Реал речиси ја стопи предноста, но сепак имаше правда и победи тимот што ги заслужи бодовите.

Најавена е истрага за скандалот од раководството на Евролигата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести