На роденденот на Шекил, Лејкерс ќе се обиде да го победи Њујорк (Фото)

Вечерва во НБА-лигата се играат шест натпревари, а на по три меча фаворити за победа според квотите во Sport Life се домашните и гостинските екипи.

Најчист кец треба да биде во Бостон, каде што Селтикс ја пречекуваат ослабената Филаделфија, која без Џоел Ембид не е кандидат за високи дострели.

Голден стејт има скор 9-1 на десетте средби на кои за нив играше Џими Батлер, па Воините би требало да победат и во Бруклин против Нетс.

Во Лос Анџелес играат Лејкерс и Њујорк никс. Денеска на легендата на Лејкерс, Шекил О‘Нил, му е роденден и Езерџиите ќе имаат мотив плус за победа. Дуелот на Леброн Џејмс и Лука Дончиќ против Џејлен Брансон и Карл Ентони-Таунс треба да донесе интересен меч. Квотите најавуваат дека Лејкерс е поблиску до победата. Тие се тим кој има седум победи по ред и вечер ја бркаат осмата.

- Оглас -

Најнови вести