На Романија ѝ се заканува голема казна од УЕФА поради пораката „Косово е Србија“

Европската фудбалска федерација (УЕФА) започна истрага против Романската федерација поради однесувањето на домашните навивачи за време на дуелот во Букурешт против Косово, во квалификациите за пласман на ЕП 2024.

На посочениот меч имаше подолг прекин во првото полувреме откако на трибините беше истакната парола „Косово е Србија“, а истите зборови се слушаа како скандирање од домашните навивачи.

Поради тие скандирања и паролата, фудбалерите на Косово го напуштоја теренот, а судијата го прекина мечот. Дури 50 минути подоцна средбата продолжи, а спорниот транспарент беше повлечен од трибините.

Романија победи со 2:0, но гостите се жалеа, а истрага отвори УЕФА. Против Романците се подигнати пет обвиненија, меѓу кои е и расистичко однесување како и „провокативни пораки со навредлива содржина“. Романија е една од петте земји во Европската унија која не ја признава независноста на Косово.

УЕФА го прими Косово под своја капа во 2016 година, а оваа земја сега ќе настојува со службени 3:0 да го добие дуелот против Романија.

- Оглас -

Најнови вести