Откако му беше изречена двегодишна затворска казна за затајување данок, во Португалија размислуваат на Кристијано Роналдо да му се одземат двата медали на честа кои ги доби како примерен и заслужен граѓанин.
Во јануари 2014 година, Роналдо доби титула Голем офицер на редот на принцот Хенри, а после ЕП во 2016 кога со Португалија освои злато, доби и Голем крст од португалскиот ред на заслуга.
Португалскиот претседател, Марсело Ребело де Соуса, откри дека ѕвездата на Јувентус може да остане без овие две вредни признанија.
„Законот е јасен и едноставен. Од лидерите на националните редови зависи дали е одлучат дека се случило нешто што може да доведе до губење на честа. Законските одредби ќе одредат дали има прекршување во овој случај“ – рече претседателот на Португалија.
Првиот човек на островот Мадеира каде што е роден најпознатиот жив Португалец, рече дека фудбалерот нема никогаш да го загуби статусот на херој и го сметаат за добар човек, а не за криминалец. Во декември 2014, Роналдо доби Медал за заслуги и од Мадеира.