33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

На Роналдо му фали само еден играч од Реал

Кристијано Роналдо многу брзо се вклопи во тимот на Јувентус и потврди дека каде и да игра, неговата форма е непроменлива. Со 10 гола во Серија А, ја предводи „старата дама“ кон нова титула во Серија А. Сепак, кога ќе се спомне темата за неговото заминување од Реал, Португалецот нема баш добри спомени.

По девет години поминати на „Сантијаго Бернабеу“, некако не многу пријателски си замина од Кралскиот клуб. Од сите играчи со кои играше во Реал, Роналдо вели дека му недостасува само еден, кој би бил радосен ако дојде во Јувентус.

„Гледам пишувате дека Јувентус го сака Бејл, Асенсио или Џејмс. Мислам дека тие играчи не му се потребни на Јувентус, но сепак на таа тема треба да си каже претседателот на Јувентус. Сигурно дека на сите добри играчи вратите им се отворени, но ако мене ме прашувате, јас искрено ќе ви кажам дека би сакал да го видам Марсело во дресот на Јувентус“, откри Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести