Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, ја предводеше Португалија до победа од 2:1 над Чешка во првото коло на ЕП. Со настапот на тој меч, Роналдо стана првиот фудбалер кој заиграл на шест различни европски првенства (2004, 2008, 2012, 2016, 2020, 2024).
Роналдо не постигна гол, а тоа сигурно ќе биде една од главните мисии за него на овој турнир. Доколку постигне гол, Роналдо, кој има 39 години, ќе стане најстар играч што постигнал гол на ЕП и ќе го надмине рекордот на Ивица Властиќ, кој кога постигна гол на ЕП 2008 година, имаше 38 години и 257 дена.
Сепак, Роналдо вчера остана без еден рекорд што беше во негова сопственост на европските првенства. Во 2004 година тој постигна гол само со 19 години и 128 дена и две децении беше најмлад стрелец во историјата на континенталните собири. Тој негов рекорд го собори турскиот талент Арда Ѓулер, кој даде гол во победата на Грузија, и тоа само со 19 години и 114 дена.
1 – Arda Güler is the youngest player to score on his debut at a European Championship finals (19 years and 114 days), surpassing Cristiano Ronaldo’s previous record of 19 years and 128 days set in 2004. Jewel. pic.twitter.com/EUEJnTvJdK
— OptaJose (@OptaJose) June 18, 2024