На Рубен Аморим му е јасно како стојат работите: „Сите сме во опасност!“

Рубен Аморим пред нешто повеќе од еден месец беше промовиран во нов тренер на Манчестер јунајтед, откако ја напушти „идилата“ која ја имаше во Спортинг и одлучи да ја продолжи кариерата во Премиер лигата. Сепак, стартот нема да го памети по добро, бидејќи во само седум првенствени натпревари има дури четири порази, што е рекорд во клупската историја на „црвените ѓаволи“.

„Го познавам биснисот во која работам. Менаџерот на Манчестер јунајтед никогаш, без оглед на се, не може да се чувствува удобно. Знам дека ако не победуваме, независно дали платиле откупна клаузула, секоја менаџер е во опасност. Тоа ми се допаѓа, затоа што тоа е наша работа, ја разбирам поентата. Можам да се правдам дека сум тука само еден месец, но ние не победуваме. Тука сум и мора да се концентрирам на работата. Тешките моменти се дел од фудбалот. Знаев дека ќе биде тешко. Очекувањата беа дека ќе имаме повеќе победи, дека ќе имам повеќе играчи со самодоверба, кои ја сфаќаат идејата да работаат и да ги подобрат нештата. Во овој момент е навистина тешко.“ – вели Рубен Аморим после неочекуваниот пораз на Манчестер јунајтед од Вулхерхемптон.

- Оглас -

Најнови вести