Лионел Меси организираше ручек за соиграчите од Барселона, а секако главна тема е како да се стаса до титулата во Ла Лига.
Се славеше важната победа против Валенсија на „Месталја“, но и почнаа подготовките на Барселона за најважниот меч во финишот на сезоната против лидерот Атлетико Мадрид, закажан за 8. мај
Messi organizó una comida en su casa este lunes. Conjura de la plantilla del Barça de cara a la 'final' del sábado ante el Atlético #fcblive https://t.co/NVny7kNNaO
— Toni Juanmartí (@tjuanmarti) May 3, 2021
Барселона со победа може да го прескокне лидерот Атлетико, но и тоа не им е гаранција дека ќе ја освојат титулата, па дури и да ги добијат сите четири натпревари до крај.
Реал Мадрид, кој моментно има ист број на бодови како и вечниот ривал Барселона, по 74, во случај на израмнет биланс на бодови на крајот на шампионатот ќе биде првак, бидејќи има подобар меѓусебен скор.
Моменто на четири кола до крајот Атлетико е прв со 76 бода, Реал и Барса имаат по 74, а Севилја е последниот кандидат за трофејот, со 70 бода, но и еден меч повеќе за играње, тој вечерва против Атлетик Билбао.