Русите упатија само еден директен удар кон голот на Робин Олсен, Швеѓаните еден повеќе кон голот на Гилјерме за досаден меч во Калининград и реми без голови.
Ривалите од втората група во сегментот Б во Лигата на нациите ги разочараа гледачите, а мечот наликуваше на вистинска приспивна приказна.
Русите кои имаат значајна победа на гости против Турција донекаде и можеа да си дозволат да играат претпазливо, но разочараа заедно со Швеѓаните. Гостите пристигнаа во Русија со пораз од Турција на свој терен и се очекуваше да одат на победа, но заедно со домашната селекција не создадоа ниту една зрела шанса за гол.
По две кола во оваа група, Русија има 4 бода, пред Турција со три и Шведска само со еден бод.