На Русинката ѝ го одзедоа медалот, и тоа по 12 години откако го освои

Голем скандал ја стресе светската атлетика. Некогашната руска атлетичарка Татјана Томашова остана без медалот кој го освои на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, на трката на 1.500 метри. Причина за одземањето на медалот е допинг.

Некогашната светска и европска шампионка е само уште една од низата атлетичарки кои се покажале дека биле допингувани на таа трка на Игрите во Лондон, па по повеќе од една деценија и го одзедоа медалот.

На Томашова ѝ се избришани сите постигнати резултати во период од јуни 2012 до јануари 2015 година, за кога се потврдило дека користела допинг. На основа на темелните тестирања, на Русинката ѝ е изречена суспензија од 10 години, во кои нема да смее да се занимава професионално со атлетиката. Таа била позитивна на анабилички стероид.

Легендарната Томашова има освоено сребрен медал на ЛОИ во Атина во 2004 година, а во Лондон беше дел од прочуената „допинг трка“. На таа трка, Русинката заврши на четвртото место, но откако две атлетичарки кои завршија пред неа беа позитивни на допинг-тестот, таа стигна до среброто. Подоцна уште три атлетичарки кои беа дел од таа трка се дисквалификувани затоа што биле позитивни, а сега таа листа се зголеми на уште еден повеќе, односно и Томашова остана без медалот, и тоа по цели 12 години од трката.

 

- Оглас -

Најнови вести