Мохамед Салах одлучил кариерата да ја заврши во Ливерпул. Египетскиот напаѓач одлучил да ја прифати понудата на Црвените кои му предложија неделна плата од 400.000 фунти, а ова наскоро ќе стане и официјално.
Изминатиот период многу се шпекулираше со можно заминување на Фараонот од „Енфилд“, но тоа нема да се случи. Салах сака да остане во клубот во кој се наметна како еден од најдобрите фудбалери на светот.
Со платата која ќе ја зема според новиот тригодишен договор со можност за продолжување за уште една, 29-годишниот Салах ќе биде втор најплатен во Премиерлигата, после Кристијано Роналдо.
Оваа сезона, Салах има неделна плата од 200 илјади фунти. Тој од Ливерпул бараше неделна плата од 500.000 фунти, но сепак се согласи на компромис, и ќе заработува двојно повеќе од сега.