Само на пет меча, со 100 денари речиси до 100 евра

Денешната понуда во Квотите на денот носи посебно атрактивни дуели. Доколку сите пет понудени комбинации се одиграат заедно на еден тикет, се добива вкупен коефициент од 59.11.

Фредрикштад и Волеренга се очекува да одиграат меч на којшто ќе има голови, и тоа во првото полувреме од еден до три погодоци, а на крајот да биде со 3+ гола. Оваа комбинација носи квота од 2.60.

Свонси е фаворит за победа над Плимут и се очекува победа на домаќините во средба на која ќе има од два до пет погодоци.

Барселона и Борусија Дортмунд треба да одиграат меч со погодоци на двете страни, а треба да има барем по еден гол во двете полувремиња. Оваа комбинација е со квота од точно два.

Пари Сен Жермен на „Паркот на принцовите“ ќе ја пречека Астон вила и тука е потребно Светците да постигнат барем два гола. Сепак, освен домаќините, барем еден гол треба да даде и Астон вила. Коефициентот за оваа комбинација е 2.35.

Ковенти е фаворит за победа над Портсмут и освен „кец“, треба да има барем и еден гол во првото полувреме за да биде добитна квотата од 2.15.

- Оглас -

Најнови вести