На Сан Антонио доста му беше губење, ќе победи во Њујорк

Њујорк никс – Сан Антонио спарс (Кошарка, НБА, 01.30 часот)

Ова е дуел на два тима кои бараат излез од кризата. Иако Никс има само четири победи сезонава, а Спарс пет, сепак Сан Антонио е во многу неповолна и невообичаена позиција, имаат осум порази по ред, нешто што не им се случило повеќе од две децении, откако Грег Попович е на клупата. На последните четири меѓусебни дуели на овие тимови во Њујорк, билансот е 2-2, сега е редот да победат гостите, кои се како ранет лав.

Предлог тип: 2 (1.75)

 

Филаделфија 76 ерс – Мајами хит (Кошарка, НБА, 01.30 часот)

Во центарот на вниманието ќе биде Џими Батлер, кој летоска од Филаделфија прејде во Мајами и ова му е прво гостување во салата каде лани беше во улога на домаќин. Хит игра одлично, има пет победи по ред, но вечерва оди на мегдан кај тим кој не знае за пораз на свој терен. Филаделфија дома има 6-0. Филаделфија е фаворит на хартија, но ние прогнозираме дека на средбата ќе има барем 211 поени.

Предлог тип: >210.50 (1.70)

 

Мемфис гризлис – ЛА Лејкерс (Кошарка, НБА, 02.00 часот)

Гризлис загуби дома од беспомошниот Голден стејт, и делува дека немаат шанса против далеку поквалитетниот Лејкерс кој од 2015 наваму секогаш дава над 100 поени во Мемфис. „Езерџиите“ се фаворити, секако сакаат да дојдат и до седмата победа по ред, за да се задржат на челната позиција на Западот. Кај Мемфис ќе го нема Андре Игудала, па Лејкерс ќе го искористи и тоа за да ја разбие одбраната на домашните.

Предлог тип: 2-2 (1.80)

 

Милвоки бакс – Детроит пистонс (Кошарка, НБА, 02.30 часот)

Милвоки е голем фаворит, затоа и квотата за победа на домашните е мала. Бакс има шест победи по ред, додека Пистонс синоќа прекина црна низа од неколку порази. Детроит не победил на гости од 24 октомври, додека Бакс два дена подоцна за последен пат загуби дома. „Елените“ имаат девет победи по ред на свој терен против „клиповите“, и многу често победуваат убедливо, а Адетокумбо почна многу да асистира, па може да се типува и на негов трипл-дабл.

Предлог тип: Х 2 -12.50 (1.85)

 

Јута џез – Њу Орлеанс пеликанс (Кошарка, НБА лига, 03.00 часот)

Пеликанс се мачи со повредите, но има дури четири победи на последните пет меча и со доближува до плејоф зоната на табелата. Брендон Инграм на последните пет меча има просек од 28,2 поени по натпревар. Јута дома има скор 7-1, но треба да прекине една мини традиција во дуелите со Њу Орлеанс, од кој губеше дома на последните две соочувања. Наша прогноза е дека барем тим нема да постигне повеќе од 105 поени.

Предлог тип: Т1/Т2 <105.50 (1.95)

- Оглас -

Најнови вести