На „Сан Мамеш“ се тргна со спуштен гард, Бензема постигна магичен гол (Видео)

Атлетик Билбао и Реал Мадрид почнаа ултраефикасно во поледниот меч што го играат во 2021 година и во првите 10 минути веќе постигнаа три гола комбинирано.

Карим Бензема е во главната улога, а најдобриот стрелец во шпанското првенство само за 180 секунди, од четвртата до седмата минута, постигна два гола.

Првиот беше магичен и вистински еврогол, што само потврди дека францускиот репрезентативец е во неверојатна форма.

Бензема постигна уште еден гол, а возврати Санчет со прв гол за Атлетик во десеттата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести