Лука Модриќ во кариерата има променето неколку клупски дресови. Во 2012 година заигра за Реал Мадрид и оттогаш до синоќа играше само за шпанскиот гигант. Легендарниот Хрват на 40 години започна нов предизвик, и тоа во дресот на италијанскиот гигант Милан.
Милан на „Сан Сиро“ го пречека Бари во Купот на Италија и Росонерите славеа со 2:0. Пред почетокот на мечот, на претставувањето на играчите на Милан, кулминацијата се случи кога од поттрибинскиот простор излезе Лука Модриќ.
Легендарниот Хрват се појави на теренот и предизвика кулминација од воодушевување кај речиси 70.000 навивачи на трибините на „Сан Сиро“.
🚨 La presentazione di #Modric ❤️🖤 pic.twitter.com/MJORFFcSDV
— Milanistasemper 🔴⚫️ (@milanistsemper) August 17, 2025
Модриќ во игра влезе во 66-тата минута и одигра 25-тина минути кога Милан веќе имаше предност од 2:0. Росонерите сезонава нема да играат во европските купови, што значи дека италијанскиот гигант целосно ќе биде фокусиран на мечевите во Италија.