На Сандеј му оди во недела, хет-трик за нова победа на лидерот

Шкупи убедливо со 4:0 ја победи Струга и ја врати предноста од четири бода на врвот на табелата пред второпласираниот тим на Академија Пандев, по комплетирање на 15. коло во Прва фудбалска лига на Македонија.

Лидерот Шкупи во второто полувреме го скрши отпорот на гостите, а блесна Сандеј Адетунџи. Нигерискиот напаѓач погоди за 1:0 во 55 минута а потоа прецизен беше и во 59 и 70 минута за комплетирање на хет-трик. Помеѓу вториот и третиот гол на Сандеј, погоди и Кире Маркоски за убедлива победа на домаќините.

Шкендија среќно победи на гости кај Македонија Ѓорче Петров со 2:1 во меч на кој гостите уште од 25-тата минута беа со играч повеќе по црвениот картон на Филип Мишевски.

Гури погоди за водство на Шкендија уште во 11 минута, а Шала зголеми на 2:0 во 77 минута. Домаќините не се предадоа и иако со фудбалер помалку беа многлу блиску до освојување на еден бод.

Во 83 минута Камара погоди за 1:2, а во 89 минута Шкендија имаше многу среќа, откако домаќините ја погодија пречката и се спасија.

Резултати: Брегалница – Борец 2:1, Македонија ЃП – Шкендија 1:2, Пелистер – Скопје 0:0, Шкупи – Струга 4:0, Тиквеш – Работнички 2:0.

Табела: Шкупи 35 бодови, Академија Пандев 31, Шкендија 27, Ренова 25, Брегалница 25, Струга 22, Македонија ЃП 20, Работнички 18, Скопје 17, Тиквеш 13, Борец 8, Пелистер 5.

- Оглас -

Најнови вести