8.8 C
Skopje
четврток, 4 декември 2025

На Сантос му требаше победа за опстанок, Нејмар направи хет-трик (Видео)

Нејмар не е за во пензија, напротив, последните два меча на кои даде вкупно пет голови, покажува дека треба да има место во бразилската репрезентација на СП следната година.

Ѕвездата му помогна на својот Сантос да голем клучен чекор кон опстанок во елитната бразилска лига, постигнувајќи ги трите гола во победата од 3-0 над Жувентуде. 

Да биде успехот поголем, Нејмар игра повреден, ќе треба да се подложи на артроскопска операција на крајот од сезоната за да се поправи скинатиот менискус на левото колено. Со овие три гола, Неј дојде до бројка од 150 погодоци во дресот на Сантос (11-ти на вечната клупска листа), а ова му е прв хет-трик по три и пол години. Претходниот го направи во април 2022 година, кога играше за Пари Сен Жермен.

Во Сантос овој меч го сфатија како барање од покојниот „Крал на фудбалот“, Пеле, кој е најголема легенда во историјата на Сантос, дека мора да победат и да избегнат испаѓање, а судбината сакаше неговиот актуелен наследник со дресот со бројот 10 да биде човекот што ќе помогне да се исполни желбата.

На едно коло до крајот, Сантос има два бода предност пред Виторија, клубот кој моментално го држи највисокото место меѓу загрозените четири екипи кои ќе испаднат, а во последното коло Сантос игра со Крузеиро, и им треба победа или реми за сигурно да останат во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести