Ванда Нара и Мауро Икарди изминативе недели ги полнеа страниците на таблоидите, а се чини дека немаат намера да запрат.
Парот кој во последниот период неколку пати беше пред развод, па се смируваше откако Мауро ја изневери својата сопруга со актерката Чина Суарес, сега повторно се заедно.
Но, овој пат тие потпишале навистина бизарен договор со цел да останат во брак, поточно Ванда си се осигурила дека добро ќе помине финансиски ако Мауро повторно „шмрља“.
Според медиумите од Франција, тие потпишале договор дека до 2050 година Ванда ќе биде сопственичка на сè што има заработено Мауро.
Сите негови пари, договори и сопствености се префрлени на нејзино име. Затоа најдобро за самиот Икарди ќе биде да седи мирен, во спротивно може да остане на улица.