На секој меч сезонава во ЛШ даде гол – Роберт Левандовски

Роберт Левандовски со голот кој го постигна вечерва против Лион стигна до бројка од дури 55 погодоци сезонава во сите натпреварувања и тоа го исфрли во преден план како прв кандидат за признанието фудбалер на годината. Во Лигата на шампионите, Лева има 15 погодоци, убаво распоредени на сите 9 натпревари кои ги одигра.

Левандовски му се придружи на Кристијано Роналдо како единствени кои една сезона во ЛШ ја завршиле со 15 или повеќе погодоци. Португалецот имаше три такви сезони, а оваа сезона ќе се памети дека минала во знакот на Левандовски, особено ако Баерн ја освои титулата и сезонава ја заврши со тројна круна.

- Оглас -

Најнови вести