На Северот од Европа секогаш се игра со многу голови

2807 Хорсенс – Лингби (19 ч.)

Хорсенс направи големо изненадување во првото коло, кога славеше на гости кај шампионот Копенхаген, а сега дома ќе се обиде да слави против ривал кој знае како да го победи.

Хорсенс има четири победи во последните пет меча против Лингби. На 11 од последните 12 меѓусебни дуели било гол-гол, а дури деветпати било ГГ3+, што е најава за погодоци и денеска.

Предлог тип: ГГ3+ (2.20)

 

2836 Интер Турку – Хонка (17 ч.)

Само со 18 бода од 14 меча, Интер Турку е во долниот дел од табелата во Финска, но кога играат на домашен терен, знаат да освојуваат бодови. Хонка го има најдобриот напад во лигата и во просек дава речиси по два погодоци на средба.

Последните четири дуели на овие две екипи секогаш биле гол-шоу и имало најмалку по три погодоци во кои двете екипи се радувале.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.01)

 

2839 Рејкјавик – Валур (21:15 ч.)

Кога на четири од последните шест меча овие два тима играат 5+ во голови, јасно е што може да очекуваме и вечерва во Исланд. Освен што има голови, Валур полека му набива страв на Рејкјавик затоа што Валур секогаш се радувал на тие шест последни дуели.

Рејкјавик сезонава често знае да одигра нерешено, па можно е домаќинот да освои барем еден бод.

Предлог тип: Х2&3+ (2.95)

 

2517 Согндал – Стабек (18 ч.)

Двете екипи се во борба за горниот дел од табелата во Норвешка. Согндал дома игра одлично и има пет победи во осум меча, но Стабек на гости е без пораз во осум средби (пет победи и три ремија).

Стабек ја има и втората најдобра одбрана во лигата, а фактот дека има само еден пораз во 15 меча ја покажува цврстината на гостите.

Предлог тип: Х2&2-4 (1.91)

 

2609 Норкопинг – Гетеборг (19 ч.)

Норкопинг дури седум меча нема победа во шведското првенство, па затоа падна во долниот дел од табелата. Гетеборг игра солиден фудбал, а традицијата на овие два тима вели дека во последните пет меѓусебни средби секогаш било гол-гол, па типуваме на продолжување на оваа низа.

Предлог тип: ГГ (1.75)

- Оглас -

Најнови вести