Имаше успешна сезона во Барселона, но голманот Војчех Шченсни не е задоволен од начинот на кој Ханси Флик ги водеше Каталонците.
Полјакот јавно ја критикуваше фудбалската филозофија на германскиот тренер. На полскиот Јутјуб канал Foot Truck, тој го изрази своето незадоволство од играта на Барселона под водство на Флик.
„Ова не е мојот фудбал. Она што Барселона го направи минатата сезона е прекрасно. Изгледа многу добро за гледачите. Но, ова не е мојот фудбал и дури ни успехот не го менува мојот поглед на стилот што го претпочитам“, рече Шчесни за напаѓачкиот пристап.
На полскиот голман не му се допаѓа фактот што Барса беше ранлива во одбраната. На пример, во полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер, тимот прими вкупно седум гола во двата натпревари.
„Ова не е критика. Ова е само мое мислење. Јас сум голман. И кога водиме со 4-0 и момците сакаат да постигнат петти гол, заборавајќи на дефанзивната игра, тоа ме боли. Како голман сакам да ја одржам мрежата чиста“, додаде 35-годишникот кој беше пенззиониран, но Барселона му се јави поради повредата на Марк-Андре Тер Штеген и тој се реактивираше, а сега го продолжи договорот со Каталонците и до 2027 година.