33.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

На шест кола до крајот од првенсвото тие ја обезбедија шампионската титула

Во најголем дел од фудбалските првенства во Европа дури сега започнува расплетот околу трката за титулата, но во една земја веќе сѐ е јасно. Во шампионатот на Северна Ирска, тимот на Линфилд започна со прослава на титулата.

Тоа е така затоа што лидерот Линфилд веќе има 19 бода пред второпласираниот Гленторан, а до крајот на првенството остануваат само уште шест кола. Тоа значи дека максимум во игра се 18 бода, па разликата од 19 бода е недостижна за Гленторан.

Во последното коло што се играше во Северна Ирска, Линфилд славеше со 2:0, додека Гленторан киксираше и одигра само 2:2.

За Линфилд ова е рекордна 57-ма титула во домашното првенство.

- Оглас -

Најнови вести