Дури осум натпревари се играат вечерва во НБА-лигата, а интересно е дека само на два дуела домаќините се во улога на фаворити. Филаделфија треба да слави над Сакраменто, а Денвер пред своите навивачи е голем фаворит за победа над Бруклин.
На останатите шест дуели, квотите за победа на домашните екипи се со коефициенти над 1.90, што е посебен предизвик.

Во понудата за „плус-минус“ поени на играчите кои треба да се појават на НБА-паркетите има над 80-мина кошаркари и тоа е огромна понуда, па експертите сигурно лесно ќе најдат неколку „сигурици“.


