Шкендија како лидер во Првата лига на Македонија го пречекува тимот на Академија Пандев во мечот од шестото коло. Тетовци треба да покажат квалитетна игра денес и да триумфираат, со цел да покажат дека се подготвени да се надигруваат со Тотенхем во четрврток во квалификацискиот меч од Лигата на Европа.
Тимот на Академија Пандев досега во два наврати успеа да ги освои бодовите во Тетово на пет гостувања кај Шкендија, меѓутоа Струмичани сега се без кормилар по отказот на Александар Таневски, а според формата на струмичани не им се пишува добро.
Во вкупно 11 меѓусебни дуели во лигашки рамки, Шкендија има подобар биланс со 5-4, додека само два меча завршиле без победник. Само еднаш овие две екипи одиграле без голови, што значи дека на градскиот стадион во Тетово ќее се тресат мрежите неколкукратно.
Заедно со мечот Шкендија – Академија Пандев, во 15:30 часот почнуваат уште три дуели: Беласица – Пелистер, Шкупи – Ренова и Силекс – Борец.