На шпанското првенство му се заканува прекин!?

Шпанското фудбалско првенство е во опасност да биде прекинато и тоа порази штрајк на судиите. Арбитрите во најдобрата лига во оваа земја се заканија дека ќе прекинат да судат ако продолжат притисоците и константните коментари на дел од клубовите.

Последен во низата беше Реал Мадрид, кој беше незадоволен од судењето на гостувањето кај Еспањол. Кралскиот клуб загуби со 1:0, а потоа следуваше и официјална забелешка на судењето. Во дел од коментарите, судиите се нарекуваат и дека се „манипулатори“.

Како што се најавува, судиите веќе не можат да го издржат притисокот кој се врши врз нив, како од клубовите, така и од медиумите и пошироката јавност.

 

- Оглас -

Најнови вести