11.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

На што спадна Милан – Великанот е немоќен на трансфер-пазарот и ги разочара навивачите (ФОТО)

Навивачите на Милан иако се свесни дека клубот се наоѓа во лоша финансиска состојба, сепак останаа разочарани кога ја видоа немоќта на својот тим на трансфер-пазарот.

Од раководството беше најавено дека во екипата ќе биде засилена дефанзивната линија во последните денови од преодниот ро, бидејќи актуелните играчи често се повредуваат.

И доведоа таков играч, а станува збор за 16-годишниот Кетхал Хефернан кој ќе дојде како позајмен играч од Корк сити од првенството на Ирска, а постои можност да биде откупен неговиот договор.

Седумкратниот европски шампион како замена за дефанзивците од првиот тим доведе 16-годишно момче, кое треба да ги замени доколку се повредат или бидат изморени.

На што спадна големиот Милан…

- Оглас -

Најнови вести