Денеска и утре се играат деветте меча од 21-вото коло на кошаркарската Евролига. Тоа што е специфично за овие дуели е дека на сите девет, фаворитската улога ја имаат домаќините.
Речиси нема дилеми дека Фенербахче и Реал Мадрид вечерва ќе се радуваат на свој терен, а домашниот паркет треба да го искористат и Панатинаикос и Милано. За утревечер се закажани уште пет дуели, а дербито каде што гостите имаат најголема шанса да победат ќе биде во Шпанија меѓу Басконија и Олимпијакос.
Секако, тука е и стандардната понуда и на „плус-минус“ поени за кошаркарите.