На сите натпревари од англискиот Лига куп има изразити фаворити (Фото)

1101 – АФЦ Вимблдон – Ковентри (20:45)

Екипите на АФЦ Вимблдон и Ковентри имаат традиција да играат „гол-гол“ на нивните меѓусебни натпревари. Досега овие две екипи одиграле шест натпревари, а дури петпати завршувале со голови до двете мрежи. Единствениот натпревар кој не бил „гол-гол“ е во 2018 година, кога било нерешено, 0-0.

Предлог тип: ГГ и 1+I&1+II (2.20)

 

1105 – Ипсвич – Бристол роверс (20:45)

Ипсвич е голем фаворит во дуелот против Бристол роверс во Лига купот на Англија. Пет натпревари по ред Ипсвич нема пораз од Бристол, а последен пат загубил во 2019 година. Тоа е само еден од двата порази од денешниот противник, а првиот е во далечната 1991 година. На последните шест натпревари помеѓу овие две екипи не биле постигнати повеќе од три голови.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.50)

 

1121 – Лидс Јунајтед – Шрусбери (20:45)

Лидс и Шрусбери имаат одиграно само еден меѓусебен натпревар во историјата, кој завршил во корист на домаќините со 4-0. Сепак, не само поради тоа, туку и според квалитетот на екипите, Лидс е голем фаворит против третолигашот Шрусбери.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.82)

 

1120 – Кардиф сити – Колчестер (20:45)

Дуел на второлигаш против четвртолигаш на кој очигледно е кој е фаворитот. Кардиф е многу поквалитетна екипа и со амбиции за враќање во Премиер лигата, па се очекува да нема никакви проблеми да обезбеди пласман во следната рунда на ЕФЛ купот. Традицијата на овие две екипи вели дека нивните натпревари се ефикасни и со многу погодоци.

Предлог тип: 1 и 1+I&1+II (2.18)

 

1102 – Бартон – Лестер (21:00)

Третолигашот Бартон на домашен терен го пречекува новиот член на Чемпионшип дивизијата, кој изненадувачки испадна од Премиер лигата минатата сезона. Лестер ја има фаворитската улога, а неговиот последен натпревар против Бартон беше од пријателски карактер и заврши без голови, 0-0.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (2.01)

- Оглас -

Најнови вести