0.8 C
Skopje
понеделник, 2 февруари 2026

На сите пет меча домаќините се фаворити, дали може Црвена ѕвезда да изненади во Шпанија?

Вечерва се играат пет натпревари во елитната кошаркарска Евролига со кои треба да се комплетира 12-тото коло. Интересно е дека според квотите во Sport Life, сите пет домаќини се фаворити за победа.

Најизвесно треба да биде во Пиреја, каде што Олимпијакос се очекува лесно да слави над Париз. Виртуз во Болоња ќе игра против Макаби Тел Авив и домаќинот е фаворит. Виртуз победи на сите четири меча што ги играше дома сезонава, додека Макаби е една од најслабите екипи само со три победи во досегашните 11 средби.

Валенсија на свој терен е фаворит против Црвена ѕвезда, но не треба да се заборави дека српскиот тим сезонава игра одлично и има осум победи во 11 средби. Овие две екипи во изминативе седум години одиграа 10 средби, а Црвена ѕвезда има шест победи, додека шпанскиот тим се радувал четирипати.

Стандардно тука е и понудата за „плус-минус“ поени на кошаркарите кои треба да бидат на терен на овие пет меча. Повеќе од 60-тина кошаркари ги има во оваа понуда за постигнат број на поени.

 

 

- Оглас -

Најнови вести