На сите пет меча има изразит фаворит

4204 Алдосиви – Ривер плејт (20:30 ч.)

Аргентинскиот гигант Ривер Плејт лошо започна во првенството и по девет кола е дури на 13 место на табелата. Дуелот против Алдосиви е како порачан за гостите затоа што Алдосиви е најслабиот тим во лигата со само пет освоени бода.

Традицијата вели дека Ривер плејт има шест победи и само едно реми во последните седум кола со овој ривал и најчесто фаворитот дава по два гола.

Предлог тип: 2&0-3 (2.30)

 

1906 Рапид Виена – Риед (17 ч.)

Кога играат овие екипи головите се речиси загарантирани. На осум од последните 10 меѓусебни средби имало барем по три погодоци. Во овој период Рапид има пет победи, Риед се радувал на четири меча, а само еднаш било нерешено.

Домаќините се фаворити за победа, но сепак посигурно е да се игра на тоа дека ќе има погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.89)

 

1662 Андерлехт – Остенде (18:30 ч.)

Домаќините треба да ги освоијат трите бода на овој меч од првото коло во белгискиот шампионат. И тука головите треба да се реалност, затоа што на последните 10 меѓусебни средби имало дури 36 погодоци, односно 3,6 по меч.

Андерлхт сигурно нема да сака да ги разочара домашните фанови во првиот меч и се очекува сигурен „кец“.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.30)

 

5716 Замалек – Смуха (21 ч.)

По 25 кола, Замалек е лидер во египетскиот шампионат и сигурно дека на свој терен нема да сака да губи бодови, без разлика кој е ривалот. Четири победи во последните четири кола има претендентот за титулата, па и сега се очекува да слави.

Смуха е во горниот дел од табелата, тоа е екипа која игра солидно, но сепак сега ќе треба да се помири со пораз.

Предлог тип: 1 (1.53)

 

2805 Алборг – Копенхаген (18 ч.)

Алборг е тим кој дефинитивно е во криза, што покажуваат и резултатите. Ако се гледаат резултатите од крајот на минатата сезона и почетокот на оваа, Алборг е во очајна низа од осум победи и само едно реми, без ниту една победа. Единствениот триумф во последниве три и пол месеци, Алборг го има во пријателски меч против Варта, а интересно е дека во контролките пред почетокот на сезоната претрпе и три порази, а еднаш ремизираше. Тоа значи дека во последните 14 средби, Алборг се радувал само еднаш.

Копенхаген како шампион секогаш е претендент за победа, а традицијата вели дека тоа е тим кој победил четири пати и еднаш одиграл нерешено во последните пет меча против Алборг.

Предлог тип: 2 (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести