На сите шест денешни меча на Спортска прогноза, домаќините се фаворити

До 15:30 часот имате можност да ги дадете вашите типови за мечевите кои се дел од 35. коло на Спортска прогноза. Според распоредот, денеска ќе се одиграат шест дуели, а тоа што е интересно е дека сите домаќини се фаворити.

На дури пет меча, процентот дека домаќинот ќе победи надминува 65 отсто. Единствено триумф на Верона против Торино е под овој процент, но и тука „кецот“ е со над 50 отсто сигурност.

Победа на Ливерпул против Челзи во финалето на ФА Купот чекаат над 67 отсто, а Штутгарт дека ќе го победи Келн е со 79 отсто. Најсигурна победа на домаќините треба да е таа на Баер Леверкузен против Фрајбург.

Двата француски меча: Бордо – Лориен и Мец – Анже се речиси со израмнет процент за победа на домаќините и се движи околу 70 отсто.

- Оглас -

Најнови вести