15.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

На Сити му успеа нешто што претходно го направиле само Ливерпул и Манчестер јунајтед

Манчестер сити синоќа и официјално во своите клупски витрини внесе уште еден шампионски трофеј од Премиер лигата. Граѓаните доминираат во англиското првенство и ова е нивен петти трофеј во последните шест сезони.

Низ историјата на елитното англиско фудбалско друштво, само двапати претходно се случило еден клуб да има таква доминација, односно да освои пет титули во шест сезони.

Прво тоа му има успеано на Ливерпул, и тоа во 1979, 1980, 1982, 1983 и 1984 година, а потоа Манчестер јунајтед предводен од Сер Алекс Фергусон тоа го направи во 1996, 1997, 1999, 2000 и 2001 година. Сега Сити тоа го повтори со титулите во 2018, 2019, 2021, 2022 и 2023 година.

- Оглас -

Најнови вести