На следното Ел Класико еден против друг ќе играат најдобрите стрелци на Баерн?

Доколку Марко Асенсио си замине од Реал Мадрид, Кралскиот клуб ќе купува офанзивец кој може да игра како десно крило, а изборот паднал на Серж Гнабри од Баерн Минхен.

Гнабри има договор со Баварците до крајот на следната сезона и нема ништо против да си замине и летово. Тој беше втор стрелец во тимот и би претставувал одлична замена за Асенсио ако Шпанецот летово го напушти европскиот првак.

Германскиот првак веројатно ќе остане и без Роберт Левандовски, Полјакот има желба да ја засили Барселона. Ако Леви премине во Барса, а Гнабри во Реал, на следното Ел Класико еден против друг ќе бидат пријателите кои сезонава го преводеа нападот на Баерн.

- Оглас -

Најнови вести