25.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

На смешен начин го оставија да направи пенал, па мајсторски го одбрани (Видео)

На чуден начин, по малку и комичен некогашниот младински репрезентативец на БиХ, Владан Ковачевиќ, беше оставен на цедило да направи пенал за Мјеџ Легница, но потоа мајсторски го одбрани.

Ковачевиќ брани за Раков Честохова во полското првенство и тоа одлично во подолг период, па е кандидат за повик и во сениорскиот состав на Босна и Херцеговина.

Во 78. минута на дуелот со Мјеџ Легница, гостинскиот голман Матеуш Абрамович дегажираше долго и топката стаса до шеснаесетникот на Раков, откако неколку играчи на домаќините чудно реагираа и се разминаа, па Ковачевиќ мораше да направи фаул за пенал.

Потоа избегна и да биде трагичар на мечот „ни крив, ни должен“ и го одбрани пеналот што го изведе Анџело Енрикес и ја сочува победата на Раков од 1:0.

 

Vladan Kovačević (Raków Częstochowa) penalty save vs Miedź Legnica, 78′ (Polish Ekstraklasa) from soccer

По денешната победа против Мјеџ Легница тимот на Раков Честохова се врати на врвот во полската Екстракласа со 26 бода по 12 кола и е пред гигантот Легија со 24 и Висла Плоцк и Погон Шчечин кои имаат по 21 бод.

Мјеџ Легница остна на последното место со само пет бода.

- Оглас -

Најнови вести