Со собирот во хотелот „Дабл три Хилтон“ и официјално започнаа подготовките за настапот на фудбалската репрезентација на Македонија за септемвриските натпревари од квалификациите за ЕП 2024 против Италија и Малта.
При пристигнувањето, најдобар стајлинг имаше голманот Столе Димитриевски, кој во хотелот се појави во дрес на легендарниот голман на италијанската репрезентација и на Јувентус, Џанлуиџи Буфон.
Првиот натпревар Македонија ќе го игра на деветти септември на Националната Арена „Тодор Проески“, додека три дена подоцна гостува во Малта.